Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денеска за нов директор на младинските категории го назначи познатиот македонски стратег, Борче Христов.
Поранешниот играч и тренер во академијата на Вардар во својата богата кариера бил дел од неколку клубови во Македонија, три години тренер во Карабах во Азербејџан и четири години спортски директор на академијата на овој клуб.
Христов е професор во центарот за едукација на тренери при ФФМ.