Вест Хем веќе потроши 45 милиони фунти, но спремил 100 милиони за уште тројца играчи

349

Вест Хем веќе потроши 45 милиони фунти за Најеф Ажер, Флин Даунс и Алфонсо Ареола, меѓутоа лондонскиот клуб планира да потроши уште 100 милиони фунти за уште тројца нови играчи.
Првата цел е Армандо Броја кој се врати во Челзи по позајмицата во Саутемптон, а „чеканите“ за него понудиле 30 милиони фунти. Следната цел е играчот за врска на Лил Амаду Онана за кого нуди 38 милиони фунти плус бонуси.
Се бара и начин за ангажман на напаѓачот на Сасуоло Џанлука Скамака, а тоа задоволство ќе ги чини лондончани преку 30 милиони евра.
Во новата сезона Вест Хем ќе игра во Лигата на конференциите па сака да остави силен печат. Минатата сезона „чеканите“ стигнаа до полуфиналето на Лига Европа и беа елиминирани од Ајнтрахт.

ПретходноСе збогати во Кина и сега се враќа дома
СледноАрсенал нуди 30 милиони за „универзалниот војник“ на Пеп