Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во големото финале во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Литија (Словенија).
Ивановски во двојка со Брендон Волкин беа поразени во полуфиналето од Патрик Рикл и Матеј Вочел.
Чешката комбинација славеше со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-3. Станува збор за фјучерс кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.