Готово е, се чека само уште на промоцијата. По цели осум години минати во Баерн Минхен, заврши сагата околу Роберт Левандовски кој веќе е член на Барселона.
Баерн попушти и му даде дозвола на Полјакот за 45 милиони евра + 5 милиони отштета да замине во Каталонија.
Инаку вечерва се дознаа сите детали околу договорот на Левандовски во Барселона.
Тој на „Камп Ноу“ доби договор до 2025 година, со можност истиот да биде продолжен на уште една, без разлика што тогаш Лева ќе има дури 27 години.
Интересно, Лева во Барса ќе заработува 9 милиони евра годишно и тоа нето, додека во Баерн заработуваше 12 нето. Значи далеку помалку, но сонот да игра за Барселона му се оствари.
Што е најинтересно, Пини Захафи, менаџерот на Левандовски за оваа зделка си “лапна“ неверојатни 20 милиони евра на име на провизија, што Барса ќе му ги исплаќа во следните четири години по 5 милиони годишно.