ЛК: Белгиски судии на Македонија ЃП – ЦСКА, на Шкендија ќе и судат Словаци!

262

Во четврток на 21 јули, две наши екипи ќе ги играат првите мечеви од 2.квалификациска рунда во Лигата на Конференции. Македонија ЃП на ФФМ во Скопје, или пак во Струимица, ќе ја пречека екипата на ЦСКА Софија. Тешка задача за “лавовите“ против бугарскиот гигант.

Мечот започнува во 17:30 часот, а главен судија ќе биде Брам Ван Дриеше од Белгија. Него ќе ми помагаат неговите сонародници Ив Де Неве, Кевин Монтењу и Кевн Ван Дам.

Шкендија пак, исто во четврток, ќе и гостува на екипата на Валмеира од Летонија. Натпреварот се игра на стадионот на Даугава во Рига, а започнува во 17 часот.

Судија ќе биде Михал Оценас од Словачка, а помошници ќе бидат, исто од Словачка, Томаш Ворел, Адам Јекел и Филип Глова.

Интересно, овој последниот кој во Рига ќе биде четврти судија, беше главен делител на правдата на мечот меѓу Линколн и Шкупи.

ПретходноПо Грција, денеска ја победивме и Бугарија!
СледноМагични два гола на Жиру, Милан подобар од Келн! (ВИДЕО)