Лош старт, причина за поразот од Шведска

179

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години во вториот дуел на ЕП во Грузија загуби од Шведска со минимални 92:90 и на тој начин направи чекор назад во обидот да стигне до највисок пласман на овој турнир. Откако во првиот меч победивме против Австрија, овојпат грешките на стартот на мечот не чинеа скап пораз.

Стартната негатива од 29:15 е клучна за овој пораз затоа што по тоа, нашите момци беа во константен минус, и се обидуваа низ текот на целиот меч да го анулираат. Сепак, колку и да посакуваа поволен резултат, нашите кошаркари на крајот не успеаа да се спасат од најлошото.

Четворица наши кошаркари дојдоа до двоцифрен број на поени. Најмногу, 22, даде Амар Хот (додаде и десет скока), 18 реализираше Миловановиќ (плус и девет скока), Савиќевиќ три помалку (и осум успешни доавања), додека пак Андоноски ги испрати со 13.

Утре претпладне, од 12.30 часот, нашата младинска репрезентација ќе игра против селекцијата на Косово.

ПретходноЈунајтед го претстави гостинскиот дрес (ВИДЕО)
СледноНестор „решета“ за Удинезе, двоен стрелец против Унион Берлин