Женската кошаркарска репрезентација на Македонија У20, загуби на дуелот против Германија кој е дел од разигрувањето од петтото до осмото место на тековниот континентален шампионат кој се одржува во Скопје. Нашите девојки загубија со голема разлика, 87:44, и сега ни преостанува да го чекаме поразениот од дуелот Грција – Норвешка кој се игра од 16:30 часот па да го дознаеме противникот за последниот дуел оној за седмата позиција.
Нашите девојки имаа некаков резултатски и играчи егал, само во првиот дел, 13:10, но Германија потоа притисна, направи серија од 10:0 по што беше јасно во кој правец ќе оди овој натпревар.