Никогаш побрзи квалификации на „стотка“: Ќе падне ли рекорд на СП во Орегон? (ВИДЕО)

284

Американецот Фред Керли, освојувач на сребрен олимписки медал од Токио минатото лето, импресионираше на најбрзите квалификациски трки на 100 метри, одржани на едно Светското првенство во атлетика. Синоќа во Јуџин, Керли истрча време 9,79 секунди со минимален ветер, што го донесе на само три стотинки од својот рекорд во кариерата, поставен на американските „трајл-натпревари“ на крајот на јуни (9,76) на истата патека.

Зад Керли останаа Американецот Трејвон Бромел (9,89), Јамајканецот Облик Севиљ (9,93) и младиот спринтер од Боцвана Летсиле Тебого, кој го собори светскиот јуниорски рекорд со време од 9,94 секунди.

ПретходноПлатини: Не се враќам во фудбалот!
СледноИнтер во понеделник потпишува со Бремер