Доделени првите медали на СП: Гарсија испиша историја за Перу, а Јаманиши за Јапонија

92

На Светското првенство во атлетика во Орегон беа доделени првите медали и тоа во дисциплината 20 километри брзо одење. Во машка конкуренција победи Тошиказу Јаманиши кој стана првиот Јапонец во историјата кој станал два пати едноподруго светски шампион не само во оваа дисциплина, но и во било која атлетска дисциплина.
Јаманиши оствари време од 1 час 19 минути и 7 секунди и со тоа го придодаде златото освоено пред три години во Доха. Второто место му припадна на неговиот сонародник Коки Икеда и исто така ја оствари првата 1-2 победа за Јапонија на Светското атлетско првенство.
Трет заврши Персеус Карлстом.

А Кимберли Гарсија Леон успеа да ги победи кинеските атлетичарки кои беа претставени како фаворитки и успеа да дојде до златниот медал на 20 километри брзо одење во женска конкуренција. Инаку таа го освои првиот златен медал за Перу на Светските атлетски првенства, а досега најголем успех и беше сребро на Пан Американските игри во 2019 година.
Исто така Гарсија постави време од 1 час 26 минути и 58 секунди со што го урна државниот рекорд кој беше во нејзина сопственост.
Второто место и припадна на Катарзина Здебло од Полска која со време од 1 час 27 минути и 31 секунда со што го подобри полскиот рекорд во оваа дисциплина.
Кинеската Кијанг Шиџе го освои бронзениот медал што е нејзин втор на СП по оној во 2011 година.
Бранителката на златото Лиу Хонг која го бараше петтиот едноподруго златен медал не успеа да стигне до подиумот откако го загуби водството по првите четири километри од трката.

ПретходноНекогашниот бек на Тотенхем потпиша за најстариот белгиски клуб
СледноБаерн попушти, Барселона го купи и Левандовски!