Попеску: На ќерка ми и давам само 1000 евра месечно

13829

Некогашниот капитен на тимот на Барселона, и легенда на фудбалот во Романија, Георге Попеску, сподели со јавноста некои детали од неговиот приватен живот кои и тоа како се интересни, а во голема мера и поучни. Попеску кој не е актулен веќе дваесетина години во моментов е претседател на тимот на Фарул, а воедно е и сопруг на сестрата на уште една легенда на Романија, Георге Хаџи, Лумината. Со неа има ќерка и син, Марија и Николас, кои се главна тема во изјавата на Попеску.

„Мојата ќерка заврши факултет на еден од најелитните универзитети во Барселона. Јас и го платив целото школување, сместувањето и се што и треба. Џепарлак добива 1000 евра месечно. Ни цент повеќе. Во Барселона е тешко да се живее со тие пари, кога одеше на предавања одеше по кружните патишта, за да не плаќа патарини. Ако сака да има повеќе пари нека си ги заработи“ – изјави Попески па се осврна и на неговиот тин, Николас кој игра фудбал, токму за клубот Фарул.

„Николас добива месечна плата од 500 евра. Тоа е основицата за секој професионален договор во нашиот клуб. Се храни во клупската менза, а ако сака да има поголема плата начинот е многу едноставен. Нека стане подобар фудбалер“ – додаде Попеску.

ПретходноФајдек е СУПЕРМЕН, петто злато по ред на СП, Етиопија славеше на 10.000 метри!
СледноЛева во Барса ќе игра за помалку пари од колку во Баерн, менаџерот си “лапна“ 20 милиони евра!