Второлигашот Вардар попладнево ја одигра својата прва пријателска средба во текот на летните подготовки. Ривал беше составот на Локомотива а вардарци славеа со 3:0 мна овој натпревар кој се одигра на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари. Стрелци на головите за победничкиот состав беа Попзлатанов, кој ова лето дојде од Македонија ЃП и Јусуфуи кој во второро полувреме постигнал два гола.
Инаку повеќе од јасно е дека Вардар и оваа сезона ќе има тешка задача да стигне до оние места кои водат во ПМФЛ, ако лани пречка беа Силекс и Воска, во новата сезона тоа ќе бидат Гостивар, Пелистер, Беласица…