Кој си знае си знае. Милан Ристовски, нашиот репрезентативен напаѓач уште на стартот од сезоната, во 1.коло од елитната лига на Словачка, успеа да постигне гол. Нешто што најдобро го знае, нешто што во минатата сезона и тоа како добро го правеше.
Се играше 47.минута кога Македонецот ја затресе мрежата на Злате Моравце за 2:0. Се покажа дека тој гол беше и последен на овој меч зошто Трнава победи со тие 2:0.
Прво коло, прв настап сезонава и прв гол, и разбира прва победа на неговиот тим.
Не можеше подобро за Милан Ристовски.
Да кажеме дека за Злате Моравце нашиот репрезентативец Томче Гроздановски не настапи, целиот меч го преседе на клупата.