Се збогати во Кина и сега се враќа дома

2821

Бразилскиот фудбалер Оскар во 2017 година го напушти Челзи и замина во кинескиот Шангај СИПГ. За овој неочекуван трансфер и тоа во моменти на слава, тој објасни дека во Кина заминал поради пари. Сакал да се осигура до крајот на животот и во изминатите пет години само од договорот на Кинезите им „собра“ 100 милиони евра.

Јас доаѓам од сиромашна фамилија која никогаш немала ништо. Јас со напорна работа стигнав до ова што сум сега. Секој работник ќе прифати подобра финансиска понуда поради својата фамилија. Кина има финансиска моќ и играчите не можат да одбијат такви понуди. Знам дека има критики кон мене, но не можам да живеам во сиромаштија или од сеќавања. Да не ми требаа пари немаше ни да го напуштам Бразил“, изјави Оскар при трансферот во Кина.

По пет години во Шангај играчот за врска е пред враќање во Бразил. Наводно почнал преговори со Фламенго за трансфер во редовите на јужноамериканскиот првак.
Пред да дојде во Европа, Оскар играше за Сао Пауло и Интернационал.

ПретходноМонтреал му ја затвори вратата на Ѓоковиќ – или вакцина или нема да играш
СледноВест Хем веќе потроши 45 милиони фунти, но спремил 100 милиони за уште тројца играчи