Одличен настап на Силекс на својот трет пријателски меч во текот на овие летни подготовки и триумф од 0:5 на гости кај Саса во Македонска Каменица, натпревар одигран попладнево.
Стрелци на головите за тимот на Горазд Михаилов биле Ричов во два наврати, потоа Петровиќ, Масевски и Коцев. Според таборот на кратовци, Силекс требало да победи, барем според шансите со 1:10.
Покрај овој меч, Силекс досега играше со Трајал (1:1) и со Кожуф (1:0).
Во среда закажан е контролен меч со Скопје, во сабота со Работнички а генералката е со Детонит во Кратово на 31 јули.