Лехија играше против Академија Пандев на првиот меч од квалификациите за Лигата на конференциите. На натпреварот на стадионот во „Гдањск“ група на хулигани направија нереди на трибините поради што натпреварот беше во прекина нешто повеќе од половина час.
Полскиот тим пројде во наредната фаза, но пресметката со Рапид Виена ќе ја игра пред празни трибини. УЕФА им ја соопшти казната на тимот од Гдањск, а тоа е затворање на стадионот за споменатиот натпревар и плус 50.000 евра, но и условна казна од две години доколку се случи нов навивачки инцидент.
Дома Меѓународен фудбал УЕФА го „заклучи“ стадионот на Лехија поради испадот на хулиганите на мечот...