ФИА следната година ќе наложи промена на болидите во Формула 1

837

Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) планира да направи неколку промени на болидите пред почетокот на сезоната 2023. Тие ќе имаат за цел да го решат проблемот со отскокнувањето што предизвика бројни главоболки за многу тимови во првата половина од овогодинешната сезона.

Проблемите на тимовите дојдоа до израз за време на викендот за ГН на Азербејџан кога некои од возачите се пожалија на сериозни болки во грбот. Меѓу нив беа Даниел Рикиардо, Пјер Гасли и Луис Хамилтон, кој дури беше на работ да се повлече од самата трка во Баку поради силни болки.

По викендот на брегот на Каспиското Море, ФИА објави нова техничка директива која ќе има за цел да го елиминира „вертикалното забрзување“ оваа година. Овие мерки, кои требаше да бидат воведени во Британија, но беа одложени до Големата награда на Белгија, ќе бидат само привремено решение за проблемот со отскокнувањето.

Трајните мерки ќе стапат на сила од почетокот на 2023 година. Меѓу мерките ќе биде подигање на работ на подот за 25 милиметри, како и подигање на предниот дел на дифузерот.

ПретходноБарселона го објави списокот на патници за САД: Чави го зеде Пјаниќ, но не и Мингеса, Пуиг и Умтити
СледноПоставени рефлектори на сите тренинг-терени на младинските академии на Брегалница