Лева во Барса ќе игра за помалку пари од колку во Баерн, менаџерот си “лапна“ 20 милиони евра!

779

Готово е, се чека само уште на промоцијата. По цели осум години минати во Баерн Минхен, заврши сагата околу Роберт Левандовски кој веќе е член на Барселона.

Баерн попушти и му даде дозвола на Полјакот за 45 милиони евра + 5 милиони отштета да замине во Каталонија.

Инаку вечерва се дознаа сите детали околу договорот на Левандовски во Барселона.

Image

Тој на „Камп Ноу“ доби договор до 2025 година, со можност истиот да биде продолжен на уште една, без разлика што тогаш Лева ќе има дури 27 години.

Интересно, Лева во Барса ќе заработува 9 милиони евра годишно и тоа нето, додека во Баерн заработуваше 12 нето. Значи далеку помалку, но сонот да игра за Барселона му се оствари.

Што е најинтересно, Пини Захафи, менаџерот на Левандовски за оваа зделка си “лапна“ неверојатни 20 милиони евра на име на провизија, што Барса ќе му ги исплаќа во следните четири години по 5 милиони годишно.

ПретходноПопеску: На ќерка ми и давам само 1000 евра месечно
СледноТФТ Скопје потврди уште еден Американец