Милан со понуда до Елмас, Фенер и Работнички “навиваат“ Наполи да каже “ДА“!!!

6789

Ако Наполи каже „ДА“ и ја прифати понудата на Милан за Елиф Елмас, тогаш тоа ќе биде најголемиот или најскап трансфер во историјата на спортска Македонија. Станува збор за сума од 35 милиони евра која шампионот на Италија веќе ја доставил до клубот од Неапол. Барем така се шпекулира вчера и денеска во медиумите во Турција и Италија.

Сега на потег е газдата на наполитанците Аурелио Де Лаурентис, кој треба да одговори на таа понуда. Да каже „ДА“ или “НЕ“ за трансфер на Дијамантот на „Сан Сиро“.

Тоа секако дека ќе биде, ако биде, спектакуларен трансфер, најголем на некој наш фудбалер или спортист воопшто, барем кога се во прашање парите.

Инаку, треба да се каже дека Фенербахче и Работнички, неговите претходни клубови и тоа како “навиваат“ Наполи да ја прифати понудата. Имено Фенер би земал процент од трансферот а Работнички би земал голема сума за наши услови преку правилото – Солидарен фонд.

Колку за потсетување, трансферот на Елмас од Фенербахче во Наполи се случи во јули 2019 години и изнесуваше 17 милиони евра, па така за само три години Наполи би заработил двојно повеќе.

Елмас во Милан, во шампионот на Италија и со настапи во Лигата на Шампионите…

После некој нека каже дека некои детски соништа не се остваруваат.

Од улиците на Бутел до дресот на еден од најголемите светски клубови и играње на „Сан Сиро“.

Уште Наполи да каже – ДА.

ПретходноЊукасл има нов извршен директор
СледноПријателска: Вардар убедлив со Локомотива!