По Грција, денеска ја победивме и Бугарија!

663

Селекцијата на Македонија беше подобра и од Бугарија (76:73) на вториот ден од меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија, селекцијата на Македонија ги одмери силите со Бугарија. И стигна до уште еден триумф, па утре вечер против Црна Гора ќе се бориме за првото место,

Бугарија имаше одлична прва четвртина која ја доби со високи (29:20). Имавме проблеми во одбраната во тие десет минути. Но кога „ја наместивме“, се изгледаше многу подобро за нашиот јуниорски тим. „Видливо“ беше тоа во втората четвртина во која на противникот му дозволивме да реализира само 11.поени.

На другата страна дадовме 26, за комплетен „камбек“ и водство од (46:40) по 20.минути од играта во Гевгелија. Непогрешливо одигра Шошкиќ, реализираше 13.поени во првото полувреме, ги погоди сите четири обиди од поле (имаше и 3/4 од линијата за слободни фрлања). А со помош на Симиќ, остваривме и доминација во скокот (19 спрема 11).

Успони и падови имаа двете селекции и во третиот дел од играта. Прво, гостинската селекција успеа да го достигне нашето водство. Односно да дојде до нерешени (53:53), во 26.минута. Сепак, ние имавме два поени предност (63:61) на истекот на тој дел од играта.

Го отворивме последниот со серија од шест поени, за највисоки (69:61). И иако гостите испратија уште една закана, успеавме да го задриме водството и да победиме по втор пат на турнирот.  

Претходно, во првиот меч од второто коло на турнирот „Боби Петковски“, селекцијата на Грција ја совлада Црна Гора со (78:66).

На последниот ден од собирот во Гевгелија, нашата селекција „Под 18“ години, исто така од 19.часот, во недела вечер ќе игра против Црна Гора. Два часа порано, на теренот во салата „26.април“ ќе истрчаат селекциите на Бугарија и на Грција.  

ПретходноСилниот ПСЖ ќе биде уште посилен: Промоција на Екитике! (ВИДЕО)
СледноЛК: Белгиски судии на Македонија ЃП – ЦСКА, на Шкендија ќе и судат Словаци!