Методија Тоше Делов, искусниот дефанзивец и официјално е ново име во редовите на Победа, тимот повратник во ПМФЛ. Искусниот дефанзивец, кој има 29 години се очекува да биде еден од клучните играчи во тимот на стратегот Бобан Бабунски.
Делов во Победа дојде од Тиквеш, а претходно настапуваше за екипите на Кожуф и Вардар Неготино, има интернациоална кариера и во Грција. Во деновите што следуваат, Победа ќе ги официјализира и останатите нови имиња во својот тим.