Поставени рефлектори на сите тренинг-терени на младинските академии на Брегалница

477

Паралелно со резултатски амбиции на првиот тим, ФК Брегалница деновиве беше фокусирана и на инфраструктурното модернизирање на клубот како еден од клучните начини за вистински развој на младите категории.

Како што објавија од таборот на штипјани, Брегалница инвестираше во поставување рефлектори, согласно највисоките европски стандарди, за осветлување на сите фудбалските терени на клубот на кои работат младинските категории.

По поставувањето на осветлување и на терените на Бело Брдо, како дополнение на изградбата и адаптирањето и на терените во Суитлак, веќе буквално сите младински категории во иднина ќе имаат идеални услови за работа, со соодветна можност и за тренинзи и во вечерните часови од денот.

Вложувањето во инфраструктурата на клубот, од страна на раководството на ФК Брегалница предводено од сопственикот Кирил Гогов стартуваше и со изградбата на новите простории на клубот, заедно и со сместувачките капацитети на Градскиот стадион во Штип, а сето тоа продолжено и со проектот за изградба на комплетно новата западна трибина со поддршка од ФФМ преку Хет-трик програмата на УЕФА и општина Штип. Активен е и проектот за Источната трибина со што Брегалница и Штип би добиле репрезентативен фудбалски стадион кој во иднина ќе биде домаќин и на националните селекции.

ПретходноФИА следната година ќе наложи промена на болидите во Формула 1
СледноИвановски поразен во полуфиналето во двојки на ИТФ Фјучерсот во Словенија