УЕФА го „заклучи“ стадионот на Лехија поради испадот на хулиганите на мечот со „Пандевци“

183

Лехија играше против Академија Пандев на првиот меч од квалификациите за Лигата на конференциите. На натпреварот на стадионот во „Гдањск“ група на хулигани направија нереди на трибините поради што натпреварот беше во прекина нешто повеќе од половина час.
Полскиот тим пројде во наредната фаза, но пресметката со Рапид Виена ќе ја игра пред празни трибини. УЕФА им ја соопшти казната на тимот од Гдањск, а тоа е затворање на стадионот за споменатиот натпревар и плус 50.000 евра, но и условна казна од две години доколку се случи нов навивачки инцидент.

ПретходноАргентинскиот „месар“ денеска потпишува за Манчестер Јунајтед!
СледноТренерот на Динамо: Нема да е лесно со Шкупи, не смееме да примаме евтини голови