Го купија 270 илјади евра, а ќе му го продадат на Ајакс за 22 милиони

1662

Холандскиот гигант Ајакс го испрати Лисандро Мартинез во Манчестер Јунајтед па се растрча по нов дефанзивец и го најде во Глазгов Ренџерс. Клубот се договори за трансфер на Калвин Беси за сума од 27 милиони евра (22 милиони плус 5 милиони во бонуси) што е втора највисоката сума што „копјаниците“ ја платиле за некој фудбалер.
Пред само десеттина дена го урнаа клупскиот трансферен рекорд со ангажманот на Стивен Бергвајн.
Шкотланѓаните си ставија и клаузула од 10% од сумата при наредната продажба на овој играч.

Беси е роден во местото Aoста во северна Италија, но како дете заминал во Англија и тоа во школата на Лестер Сити. Пред две години Ренџерс го донесе во своите редови за само 270.000 евра.
Тој има нигериски корени и настапува за репрезентацијата на Нигерија. Од три репрезентации меѓу кои и Италија и Англија тој одбра да игра за Нигерија и дебито го направи во квалификациите за СП 2022. Досега има шест настапи.

Ajaкс паралелно работи на уште два трансфери, се очекува доаѓање на Франциско Консеисао од Порто и кам-бек на напаѓачот Брајан Броби кој не се снајде во Лајпциг.

ПретходноОдредени се можните ривали на Шкендија и Македонија ЃП во 3.квалификациско коло во ЛК!
СледноТухел нервозен: Во иднина ќе размислиме дали ќе ангажираме невакцинирани фудбалери