Кадетите повторно поразени од Бугарија

143

На втората „контрола“ во Тарговиште домаќинот направи голем пресврт во последната четвртина и ја однесе победата (78:72). Со два порази во два натпревари против Бугарија се враќа нашата машка кадетска селекција од гостувањето во Тарговиште.

За разлика од првата проверка, на втората, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ одиграа доста подобро. Ја имаа контролата над играта и над резултатот цели три четвртини од играта.

По релативно израмнетиот почеток, нашата селекција „Под 16“ успеа да обезбеди предност и на полувремето да има пет поени „вишок“.

Уште подобро играме по паузата, пред истекот на третиот период разликата во корист на Македонија беше и двоцифрена.

Но одиграме доста лоша последна четвртина во кај што Бугарија не само што го стигна нашето водство, туку се избори и за победа (78:72).

ПретходноПораз од Норвешка: У-20 Македонија заврши како осма на ЕП „Б“ дивизија за кошаркарки!
СледноЈунајтед објави: Лисандро Мартинез е наш! (ВИДЕО)