Наполи од Милан бара најмалку 40 милиони евра за Елмас

349

Милан во акција да го ангажира Елиф Елмас од Наполи но се уште не може да се договори со клубот од Сан Паоло за ангажман на Македонецот. Италијанскиот првак понудил 30 милиони евра, потоа и 35 милиони со вклучени бонуси, но од Наполи не сакаат да чујат. Тие им порачале на колегите од Милано дека се потребни најмалку 40 милиони за македонскиот бисер.

Од друга страна Лучано Спалети не е премногу расположен да го пушти Елмас со оглед на тоа дека остана без неколку фудбалери во овој преоден рок, но за добра понуда ќе може да си оди па ќе се бара ново решение во средниот ред.
А тренерот на Милан Стефано Пиоли го сака Македонецот во својот тим затоа што верува дека добро ќе дојде во неговата омилена 4-3-1-2 формација поради тоа што Елмас може да игра и како офанзивен играч за врска, но и како десно и како лево крило, пишува онлајн изданието на италијанскито весник „Тag24“.

ПретходноФред Керли е најбрзиот човек на планетата: Ви реков дека ќе победиме… (видео)
СледноОдредени се можните ривали на Шкендија и Македонија ЃП во 3.квалификациско коло во ЛК!