И покрај се, и покрај фактот дека наскоро ќе наполни 41 година и дека до крајот на оваа година не може да игра, сепак Златан Ибрахимовиќ и Милан се договорија да ја продолжат соработката на барем уште една година.
Се чека само на официјална промоција, Златан да дојде во Милано. Инаку според новиот договор еден од најдобрите фудбалери во светот во изминатите две децении ќе заработува само еден милион евра годишно, има и тука некои бонуси, но факт е дека ќе биде еден од најслабо платените играчи на шампионот на Италија. Треба да се знае дека со досегашниот договор тој земаше седум милиони евра годишно.
Интересно е тоа што ова за него ќе биде вкупно 25-та професионална сезона како фудбалер.
Од Малме до Милан…