Не се вакцинирани: Сити без три свои ѕвезди ќе патува на турнеја во САД!

346

Едноставно властите на САД не се шегуваат кога Ковид-19 е во прашање. Тие немаат намера на еден Новак Ѓоковиќ да му дадат „виза“ за влез во таа земја, а да не говориме за тројца фудбалери на Манчестер Сити, и се поради фактот дека тие не се вакцинирани. Па така сратегот на Сити, Пеп Гвардиола ќе мора во САД без Фил Фоден, Џон Стоунс и Илкај Гундоган, кои немаат доказ дека примиле вакцина.

Ова јавно од клубот не го кажуваат, но медиумите на Островот известуваат дека тие тројца нема да патуваат во САД заедно со останитите свои соиграчи поради фактот дека не сакаат да примат вакцина.

ПретходноЕтиопјанецот Тола е нов светски шампион во маратон
СледноСкандал: Сандеј и Фаустин претепани во скопски ноќен клуб!