Петар Ангелов – Диви и официјално од денеска е дел од стручниот штаб на РК Струга. Оваа информација ја потврдија и луѓете од клубот преку своите социјални мрежи. Тој е некогашен македонски репрезентативец, правеше чуда на голот. Го бранеше голот на Тиквеш, Пелистер, Вардар, Металург, имаше и богата интернационална кариера во Германија, Турција, Франција, Австрија. Играше и за Пролет и Вардар Неготино каде беше играч – тренер.
Секако дека ова е големо засилување за РК Струга во дел од стручниот штаб.