Саша Илиќ – тренер на ЦСКА: Скопје или Струмица? Каде и ќе кажат таму ќе играме!

629

Саша Илиќ, легендата на Партизан, од пред кусо време е шеф на струката на ЦСКА Софијам на еден од најголемите клубови во Бугарија. Имаше “среќа“ Србинот својот прв меч како стратег на бугарскиот тим во европски рамки да го “игра“ против нашата Македонија ЃП. И тоа во двомеч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Да потсетиме, првиот меч треба да се игра на 21 јули во Скопје, а реваншот во Софија. Сепак се уште не е дефинирано дали ќе се игра во Скопје на ФФМ или во Струмица.

Навистина не знам каде ќе играме, во Скопје или Струмица. Кај и да кажат таму ќе играме. Инаку треба да се каже дека нема да биде лесно против Македпнија ЃП. Го следевме на два контролни меча и станува збор за добар тим кој може да направи проблеми“ изјави Илиќ за тамошните медиуми.

ПретходноСерафимов: Уживам кога играм за Македонија!
СледноСупер засилување: Шкупи го промовираше Али Адем! (ФОТО)