Ц. Звезда подготвува уште една „бомба“ – преговара со Милош Теодосиќ

391

Немања Недовиќ, Хасан Мартин, Џон Холанд и Далибор Илиќ се веќе и официјално нови засилувања за белградска Црвена Звезда, но белградските „црвено-бели“ се уште не завршиле со купување на нови имиња.

Според пишувањата на белградските медиуми, управата на Црвена Звезда на листата на посакувани имиња го додаде и српскиот кошаркарски ветеран Милош Тедосиќ (35).

Дека искусниот дефанзивец е во фокусот на белграѓани потврдил и Небојша Човиќ, првиот човек на Црвена звезда, во интервју за неделникот „Експрес“. Досега сите обиди на Ц. Звезда да го донесе Тео беа неуспешни, иако се чинеше дека пред три години, по враќањето во НБА, тој е најблизу до тимот за кој навива.

ПретходноКога ја нема Влодарчик: Злато и бронза за САД во фрлање кладиво
СледноЦрна Гора го освои пехарот во Скопје, „Ол-стар“ тимот без Македонки