И официјално Лисандро Мартинез е ново име во таборот на Манчестер Јунајтед. Ова попладнево на своите социјални мрежи го објави клубот од „Олд Трафорд“. Договорот е потпишан на пет години а Јунајтед на Ајакс треба да му исплати 55 милиони евра плус бонуси.
Секако дека е ова големо засилување за тимот на Ерик Тен Хаг, кој го тренираше Аргентинецот до пред некоја недела кога и двајцата беа во тимот од Амстердам.
Ова е трето засилување за Манчестер Јунајтед ова лето по Масија и Ериксен.
An agreement has been reached for the transfer of Lisandro Martinez 🔴🇦🇷#MUFC || @LisandrMartinez
— Manchester United (@ManUtd) July 17, 2022