Баерн даде финална понуда за Де Лигт: 70 милиони евра, плус бонуси

156

Баерн (М) испрати нова, подобрена понуда до Јувентус за услугите на дефанзивецот Матијс де Лигт.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, Баварците официјално понудиле 70 милиони евра и уште 10 милиони во вид на бонуси. Се истакнува дека ова е сериозна сума за Баерн, а договорот меѓу клубовите е многу блиску.

Според Фабрицио Романо, Јувентус претходно јасно му ставил до знаење на Баерн дека сака повеќе од 70 милиони евра за играчот.

ПретходноТВ-преносите добиваат нова димензија: Играчите во Бундеслигата ќе имаат камери на себе! (ВИДЕО)
СледноМурињо си направи тетоважа со трите европски пехари (ФОТО)