Белгискиот репрезентативец Амаду Онана е пред трансфер во премиерлигашот Вест Хем. Играчот за врска кој е член на Лил само една година и кој заигра на 40 мечеви за овој клуб изминатата сезона е веќе член на репрезентацијата на Белгија иако има само 20. години и е еден од најдобрите играчи во Европа на својата позиција.
„Чеканите“ испратија официјална понуда од 32.5 милиони фунти, и се чека официјалниот одговор и на Лил.
Онана е роден во Сенегал, играше во младинските категории за Андерлехт, ФК Брисел и Зулте Варегем, пред да биде купен од Хофенхајм. Една сезона одигра и за тимот на Хамбургер.