Кога ја нема Влодарчик: Злато и бронза за САД во фрлање кладиво

113

Американката Брук Андерсен го освои златото во фрлање кладиво во првата сесија на третиот натпреварувачки ден на Светското првенство во атлетика во Јуџин. 26-годишната Андерсен, која беше дури 10-та на ЛОИ во Токио во финалето успеа да префрли 78,96 метри и да ја остави зад себе главната конкурентка денеска, Канаѓанката Камрин Роџерс (75,52).

Бронзата остана во САД, откако Џени Касанавоид успеа да префрли 74,86 метри. Американската доминација е дел и од тоа што во Јуџин ја нема најуспешната во историјата во оваа дисциплина,  светската рекордерка Анита Влодарчик од Полска, која победи во 2015 и 2017 година, а се повреди додека бркаше крадец на автомобил непосредно пред почетокот на СП.

ПретходноМурињо си направи тетоважа со трите европски пехари (ФОТО)
СледноЦ. Звезда подготвува уште една „бомба“ – преговара со Милош Теодосиќ