По промоцијата на Тоше Делов, денеска тимот на Победа го промовираше и Христијан Коцев како второ засилување за претстојната сезона.
Левиот бек, кој доаѓа од тимот на Македонија ЃП, ја мина целата младинска школа на тимот на Работнички, а потоа настапуваше и за Осогово, Кораби и Љубанци. Добива шанса во прволигашката конкуренција, и ќе биде од голема помош за прилепчани во следната ПМФЛ сезона.
Победа веќе го одигра и првиот пријателски меч летово, одигра 0:0 против Работнички во Скопје, а веќе в среда ќе спарингува со тимот на Приштина во Маврово.