Леброн Џејмс: Ги мразам навивачите на Бостон

262

Еден од најдобрите кошаркари во светот Леброн Џејмс ги нарече навивачите на Бостон расисти одговарајќи на прашање кое гостување во НБА лигата му е најомразено и каде поради притисок му е тешко да игра.
Прашањето е: „Поради што го мразиж Бостон?“
Затоа што се е*ени расисти, ете затоа“, изјави Леброн и продолжи.
Ги слушам навредите, а ако го слушнам некој во близина, само ќе го погледнам и продолжувам со натпреварот. И онака ќе каже што си сака, а во некои моменти може да фрлат нешто кон тебе. Еднаш ме гаѓаа со пиво кога излегував од теренот“.
Тој рече дека навивачите на Бостон имаат посебни маички кои ги користат за да го провоцираат него.
Имаат и маички со расистички коментар. Верувам дека се распродадени во клупската продавница“, вели Џејмс кој во НБА лигата игра од 2003 година.

ПретходноТФТ Скопје потврди уште еден Американец
СледноЕтникос Ахна и Богатинов ја продолжија соработката