Одамна се нема случено: Зоран Митровски ќе го суди финалето во Скопје!

368

Во Скопје се одржува Европското првенство Б Дивизија до 20 години во женска конкуренција. Конечната завршница во ова натпреварување ќе биде позната денеска,во финалето ќе се сретнат Црна Гора и Турција, а на истото на теренот ќе биде македонскиот судија Зоран Митровски.

Не само што ќе ја дели правдата, нашиот арбитер ќе биде прв судија на оваа средба. Оваа доверба не е случајна. Митровски е судија со големо искуство, а откако без грешка ги заврши сите претходни задачи, сосема заслужено ја доби оваа одговорна задача.

Финалето е закажано со почеток во 21 часот.

ПретходноЖервињо, некогашниот ас на Рома и Арсенал ќе игра за Арис
СледноЕкспресно им се вратија на победите: Младинците го „преслушаа“ Косово!