Одбојкарките на Италија ја освоија „Лигата на нации“, Србија освои бронза

202

Одбојкарките на Италија се новите освојувачки на шампионскиот пехар во Лигата на нации, откако во финалето во Анкара го совладаа Бразил со 3:0 (25:23, 25:22, 25:22).

Ова е прв медал кој Италијанките го освоја во оваа конкуренција, додека Бразилките го освоија третиот медал и третиот сребрен.

Репрезентацијата на Италија до победата ја предводеше Паола Егона, која реализираше 21 поен, а одлична беше и Катерина Бозети со 11, односно Кристина Кирикела и Ана Денеси со по девет поени.

Претходно бронзениот медал го освои репрезентацијата на Србија која во мечот за третото место победи против Турција со 3:0 (27:25, 25:17, 26:24).

ПретходноСкандал: Сандеј и Фаустин претепани во скопски ноќен клуб!
СледноТВ-преносите добиваат нова димензија: Играчите во Бундеслигата ќе имаат камери на себе! (ВИДЕО)