Утре во Нион со почеток во 14 часот, ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Овие мечеви се играат на 4 и 11 август.
Секако дека ова ги интересира Шкендија и Македонија ЃП, но и двете наши евро претставници ќе мора прво да ја помината втората рунда. Тетовци играат со Валмеира а Македонија ЃП со ЦСКА Софија.
Па така ако Шкендија ја победи во двомечот екипата на Валмеира од Летонија, тогаш за третата рунда би играла со една следните победнички екипи…
Спартак Трнава (Словачка) – Њутаун (Велс)
Бреидаблик (Исланд) – Будуќност (Ц.Гора)
Мадервил (Шкотска) – Слиго Риверс (Ирска)
АИК (Шведска)- Ворксла (Украина)
Можно ривали пак на Македонија ЃП се…
Погон Шчечин (Полска) – Брондби (Данска)
Данди Јунајтед (Шкотска)
Сент Патрик (Ирска) – Мура (Словенија)
Сеинајоки (Финска) – Лилестром (Норвешка)