Во натпреварот за 7. место, Норвешка беше подобра од нашиот ослабен женски младински тим (77:45). Без три кошаркари во ростерот, Македонија беше дополнително хендикепирана во натпреварот кој одлучуваше која од двете селекции ќе го освои седмото место на турирот во Скопје.
Дополнително ослабен го дочека нашиот женски младински состав последниот натпревар на првенството во Скопје.
Освен Цветковска, надвор од строј за дуелот со Норвешка останаа и Игњатова и Салиу, и практично селекторот Јелена Антиќ на располагање имаше само девет кошаркарки.
И во една таква нималку добра здравствена слика, нашите девојки одиграа релативно изедначен натпревар. Со забелешка дека сепак Норвешка беше селекцијата која ја имаше предноста. А најголемата стигна на истекот на првото полувреме, гостинките поведоа со (39:25), разлика која со едно слободно фрлање ја намали Николиќ, и постави (26:39).
Уште поголема беше разликата помеѓу девет селекции во продолжението на натпреварот, последен за нив на овој шампионатот во Скопје, Норвежанките потврдија дека во овој момент се подобар противник, за место погоре во конечниот редослед.