Неколку денови во германските медиуми кружи информација дека по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона, германскиот првак Баерн Минхен ќе го ангажира Кристијано Роналдо.
Меѓутоа од тоа нема да има ништо, така тврди спортскиот директор на „баварците“ Хасан Салихамиџиќ.
„Го респектирам Кристијано Роналдо, тој е успешен фудбалер меѓутоа потврдувам дека Баерн Минхен не планира да го донесе во своите редови. Нема ништо од тоа и нема повеќе да дискутираме на таа тема“, изјави Салихамиџиќ.
Претходно Роналдо беше поврзуван со ПСЖ но и од тоа не излезе ништо. Засега португалскиот фудбалер останува во Манчестер Јунајтед иако има желба да си оди.
Дома Меѓународен фудбал Германија Салихамиџиќ ги олади фановите: Нема да го донесеме Роналдо во Баерн