Никола Серафимов, младиот дефанзивец кој од неодамна е и А репрезентативец на Македонија, за сајтот на својот нов клуб МОЛ Фехервар даде интервју, во кое покрај другото се осврна и на тоа дека е многу среќен што го остварил сонот, што заиграл за А-репрезентацијата на Македонија.
„Како и на сите играчи, така и на мене, сон ми беше еден ден да заиграм за А-репрезентацијата на Македонија. Среќен сум што го остварив сонот. Чекав 8-9 месеци и вредеше тоа. Не кријам дека кога играм за Македонија тоа го правам со уживање. Сакам и понатаму да го давам максимумот кога игра во репрезентацијата“ посочи стоперот на МОЛ Фехервар.
За тоа кој му е идол…
„И дефинитивно Леонардо Бонучи. Навистина ми се допаѓа неговиот стил на игра. Паметен е, интелегентен, јасно е дека треба да се следи неговиот начин како тоа тој игра“.
Инаку Серафимов не крие дека лигата во Унгарија е на повисоко ниво од таа во Македонија.
“Тоа не е тајна. Разликата е огромна, и во финансиите, во клубовите, квалитетот на играчите. Секако инфраструктурата и стадионите. Да кажам и ова, не се гледам како некој старомоден дефанзивец. Сакам кога ја имам топката во нозе да играм со неа, а не да ја шутнам што подалеку од мене. Не стравувам и кога треба да одам во напад. Минатата сезона кога играв за Залаегересег за мене беше најдобра во кариерата, се надевам на добри игри и сега во дресот на МОЛ Фехервар“.