Тухел нервозен: Во иднина ќе размислиме дали ќе ангажираме невакцинирани фудбалери

586

Фудбалерите на Челзи се на турнеја во Соединетите Американски Држави. Таму ќе одработат поголем дел од подготовките каде што ќе одиграат неколку пријателски натпревари.
Тренерот Томас Тухел не смета на Нголо Канте и на Рубен Лофтус-Чик кои не можат да отпатуваат во САД затоа што не се вакцинирани против коронавирусот. Во САД тоа не се толерира, а тамошните правила се јасни, секој спортист кој сака да настапува во оваа земја на било кој начин мора да биде вакциниран.
Сега мораме да размислуваме и за тоа. Тоа сега е секојдневие и ако не сте вакцинирани наидувате на разни препреки. Во иднина ќе размислиме дали да донесуваме невакцинирани играчи затоа што не сакаме вакви проблеми“, рече Тухел.

Нголо и Рубен тренираат одвоено од екипата и не можеме да ги принудиме да се вакцинираат. Сите други одлучија да се вакцинираат, а тие не сакаа. Сега мораме да ги почитуваме правилата и тие не смеат да тренираат со нас. Би сакал да се тука со нас, но за жал тоа не е можно. Тие се во Англија и тренираат со нашите тренери кои се таму, меѓутоа јасно е дека тоа не е исто и ќе им биде многу тешко на почетокот на сезоната“, додаде Германецот.

ПретходноГо купија 270 илјади евра, а ќе му го продадат на Ајакс за 22 милиони
СледноСалихамиџиќ ги олади фановите: Нема да го донесеме Роналдо во Баерн