Фантастичен триумф (51:29) : Македонија си поигруваше со Косово!

331

Голема, убедлива, фантастична победа на нашата млада ракометна репрезентација до 20.години на ЕХФ шампионатот во Варна против Косово со 51:29 (21:11). Ова беше втор настап за момците на селекторот Бранко Ангеловски и прва победа, по она реми со Украина.

Во текот на целиот меч нашите млади ракометари демонсстрираа сила, уште на почетокот од средбата одиграа максимално сериозно и квалитетно и брзо направија разлика која ја чуваа, а на моменти и ја надиградуваа. Едноставно си поигруваа со противникот. Ракометарите на Косово едноставно не знаеја од каде доаѓаше најголемата опсаност со оглед на тоа дека од сите позиции нашите ракометари знаеја како да одиграат добра акција и секако да го погодат голот на противникот.

Оваа победа беше и тоа како потребна за понатамошниот тек на турнирот и таа дојде во вистински момент.

Интересно е сите што добија шанса од Ангеловски, што беа во записникот на овој меч, сите успеаја да се запишат во листата на стрелците.

Сепак најдобар стрелец со 10 голови беше Белистојановски, потоа Узунчев стрелаше во осум наврати.

ПретходноНе знае за доста: Нестор – гол со хетрик!
СледноПријателска: Тиквеш со убедлива победа над Кожуф на Ѓоре!