Фред Керли е најбрзиот човек на планетата: Ви реков дека ќе победиме… (видео)

331

Фред Керли е нов планетарен шампион на 100 метри. Синоќа на СП во Јуџин, Орегон Керли успеа да слави пред домашната публика поставувајќи време од 9,86 метри додека второто и третото место го освоија неговите сонародници Марвин Брејси и Трејвон Бромел и двајцата со време 9,88 секунди.
Керли има 27 години, тој е актуелен олимписки вицешампион, а времето кое му донесе светско злато не му е најбрзо во кариерата.
Прв пат по 1991 година тројца Американци ги заземаа местата на подиумот на 100 метри. Тоа претходно го направија Карл Луис, Лирој Барел и Денис Мичел.
Ви реков дека ќе победиме? Успеавме и неверојатно е што сме меѓу големите. Тие го направија тоа во 1991 година, а ние во 2022 година. Чувството на стадионот беше неверојатно. Сите дојдоа да го гледаат натпреварот на 100 метри, натпреварот за најбрз човек на светот. Па ако некој ме праша што би сакал да бидеш, би му одговорил – сакам да бидам најбрзиот на светот“, изјави Керли.

Керли беше бронзен на СП 2019 во Доха, сребро освои на Олимписките игри во Токио 2020, а сега злато на СП.

ПретходноХамиди: На „Максимир“ ќе се бориме за секоја педа од теренот
СледноНаполи од Милан бара најмалку 40 милиони евра за Елмас