Хамиди: На „Максимир“ ќе се бориме за секоја педа од теренот

397

Шкупи во вторник го очекува меч против силниот Динамо Загреб во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот натпревар се игра на „Максимир“ во Загреб, а реваншот во Скопје. Македонскиот шампион оди во хрватската престолнина по позитивен резултат, а тоа го посакува и алжирскиот напаѓач Валид Хамиди.
Во Загреб ќе го дадеме максимумот. Овој натпревар е многу важен за нас. Мирни сме и работиме напорно овие денови. Можам да порачам дека на „Максимир“ ќе се бориме за секоја педа од теренот.
Очигледно е дека Динамо е сериозна екипа има голем квалитет, но во фудбалот секој може да победи секого. Ако придодадеме и тоа дека нашите навивачи ќе ни дадат поддршка веруваме дека ќе ни биде нешто полесно и се надеваме дека ќе се вратиме со позитивен резултат“, изјави Хамиди.

ПретходноЕтникос Ахна и Богатинов ја продолжија соработката
СледноФред Керли е најбрзиот човек на планетата: Ви реков дека ќе победиме… (видео)