Експресно им се вратија на победите: Младинците го „преслушаа“ Косово!

286

Македонската машка репрезентација под 20 години го запиша вториот триумф на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Тбилиси. Избраниците на Никола Василев убедливо го совладаа составот на Косово со 67-85.

Победникот на овој меч беше решен многу рано, „црвено-жолтите“ доминираа на теренот и покрај тешкиот пораз од Шведска вчера. Во првата четвртина поведоа со 2-8, истата ја завршија со позитива од 14-21. Само по една минута игра во следниот период, Македонија ја запиша првата двоцифрена позитива (14-26), противникот беше целосно на „колена“, едноставно не беше доволно комптетен за овој состав на македонската репрезентација.

По 33-45 на одморот, нешто на средина на третата четвртина на семафорот стоеја 41-61, најава за мирна завршница. Најголемото водство на оваа средба беше плус 26 (55-81).

Триумфот е од големо значење за враќање на самодовербата во обидот да се исполни сонот, место меѓу првите три селекции. Истото може да се оствари само со победи во следниот дуел против Грузија на 20 овој месец.

Амар Хот постигна 14 поени и 9 скока исто колку и Андреј Митревски, еден поен помалку имаше Андреј Андоноски, додека пак двоцифрен број на поени запиша и Марко Миловановиќ.

ПретходноОдамна се нема случено: Зоран Митровски ќе го суди финалето во Скопје!
СледноБасконија го доведе Хауард