Еден од најдобрите кошаркари во светот Леброн Џејмс ги нарече навивачите на Бостон расисти одговарајќи на прашање кое гостување во НБА лигата му е најомразено и каде поради притисок му е тешко да игра.
Прашањето е: „Поради што го мразиж Бостон?“
„Затоа што се е*ени расисти, ете затоа“, изјави Леброн и продолжи.
„Ги слушам навредите, а ако го слушнам некој во близина, само ќе го погледнам и продолжувам со натпреварот. И онака ќе каже што си сака, а во некои моменти може да фрлат нешто кон тебе. Еднаш ме гаѓаа со пиво кога излегував од теренот“.
Тој рече дека навивачите на Бостон имаат посебни маички кои ги користат за да го провоцираат него.
„Имаат и маички со расистички коментар. Верувам дека се распродадени во клупската продавница“, вели Џејмс кој во НБА лигата игра од 2003 година.
Los Angeles Lakers star LeBron James on why he hates Boston Celtics fans: “Cause they racist as fuck.” pic.twitter.com/LtXiEbARIP
— The Recount Alt (@therecountalt) July 15, 2022