Во Скопје се одржува Европското првенство Б Дивизија до 20 години во женска конкуренција. Конечната завршница во ова натпреварување ќе биде позната денеска,во финалето ќе се сретнат Црна Гора и Турција, а на истото на теренот ќе биде македонскиот судија Зоран Митровски.
Не само што ќе ја дели правдата, нашиот арбитер ќе биде прв судија на оваа средба. Оваа доверба не е случајна. Митровски е судија со големо искуство, а откако без грешка ги заврши сите претходни задачи, сосема заслужено ја доби оваа одговорна задача.
Финалето е закажано со почеток во 21 часот.