Пријателска: Тиквеш со убедлива победа над Кожуф на Ѓоре!

1109

Попладнево на Градскиот стадион во Кавадарци, домашниот Тиквеш во пријателски натпревар успеа да го победи тимот на Кожуф со 3:1. Да потсетиме дека од пред неколку денови на кормилот на гевгелискиот второлигаш е Ѓоре Јовановски.

Тиквеш во текот на целиот меч беше подобар, создаде повеќе шанси а искористи само три па така со головите на Мишов, Карчески и Нгоба успеа да победи со убедливи 3:1. Во финишот на мечот гостите успеаја само да го ублажат поразот.

Инаку ова беше втора пријателска ова лето за четата на стратегот Влатко Костов и втора победа, после онаа со Саса од 1:0.

ПретходноФантастичен триумф (51:29) : Македонија си поигруваше со Косово!
СледноАвтомобилот на Роналдо фотографиран на стадионот на неговиот нов клуб!? (ФОТО)